АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  orlov on Пет Јан 18, 2008 2:50 am

ГЛАВА ПРВА:ВРЕМЕТО НА АЛЕКСАНДАР ЌЕ ГО ЗАПОЧНЕМЕ СО ЕДНА ПАРАФРАЗА, ЗОШТО ИМЕТО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, А НЕ АЛЕКСАНДАР ГРЧКИ ?! ОДГОВОРОТ ЌЕ ГО ОСТАВИМЕ ДА ГО КАЖЕ ЈАВНОСТА, А ЈАС ОСТАНУВАМ БЕЗ КОМЕНТАР.

Името е застапено во сите меридијани кое зборува за позната личност во светската историја, како разумен, образован, умен и голем стратег, кој успева да ја создаде големата светска империја од Јадранското море до Инд. Како освојувачи за жал во историјата тоа никој не го остварил, и како тоа да им смета на некои народи па сакаат да ја негираат неговата МАКЕДОНСКА ПРИПАДНОСТ, или да ја присвојат. За способноста, интелектот и визијата на Александар зборува и идејата за создавање на светското царство (Европа, Азија и Африка) симболизирано во Суза преку свадбата на 1.000 пара од разни народи со што ако се мисли во целата логичност, провејува идејата за обединети народи на Европа, Азија и Африка.


ГЛАВА ВТОРА: -Антитезата за нас славомакедонци, ама баш нема никаква историска основа и покритие, а единствена цел за сите наши пријатели, односно непријатели, е смислен гаф за да се разводни македонскиот национален идентитет и континуетит на Македонците од Пердика до новиот милениум.
Сето ова што ни се случува, е резултат на нашата поспаност и очекување дека некој друг ќе ни го разреши македонското прашање, поврзано со нашиот кукавички срам пред нашата, европската и светската јавност, да ја кажеме вистината кои сме, што сме, од каде сме и каде припаѓаме, зошто ако оставиме времето само по себе да ни ја разреши судбината без наша транспарентност, отвореност- визија, ќе завршиме во амбисот на изгубените НЛО.
Затоа, антитезата славјани отпаѓа како неоснована, со предходно наведеното за античкото потекло на Македонците, и затоа драги Македонци, потребна е храброст, агресивност за докажување на вистината, а не наивност и трговија со НАШАТА ИСТОРИЈА, како на пример често пати на годишнините на нашите Кирил и Методија- слушаме сеуште невистини- кривоколчења, во смисла словенски просветители, словенски браќа, БЕЗ ОТВОРЕНО ДА СЕ КАЖЕ: ,,МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ,,.., МАКЕДОНСКИ БРАЌА.
Е, драги наши трговци на нашето минато, така не се брани ИДЕНТИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТ, НАЦИЈА И ОПСТОЈ.

ГЛАВА ТРЕТА: ВО ОДБРАНА НА АНТИЧКИТЕ КОРЕНИ ЗА ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ , .............Главен акцент и приоритет на оваа генеза е презентација на нашиот антички карактер и нашата античка генеза со цел еднаш за секогаш да ја пласираме вистината пред светската јавност- без да се срамиме за нашата генеза, која треба да е гордост на секој Македонец.
Незнам дали и за оваа теза ќе бидат доволни вечните симболи на сонцето од ВЕРГИНА, симболот на ЛАВОТ, кој и денес е симбол на нашите млади генерации кои си го сакаат и почитуваат, преку што ја презентираат љубовта кон Македонија, НЕЈЗИНОТО МИНАТО и НАШИТЕ АНТИЧКИ КОРЕНИ.

ГЛАВА ЧЕТВРТА: ПИСМОТО НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ; -Невидениот преседан и апсурд, долго време ја брануваше културната и светската јавност од голем број негатори на македонската национална кауза и идентитет, на еден народ со античка генеза, на кој му се оспорува правото преку фалсификување и негирање на неговото историско минато и богата светска историо- графија.
-За светската јавност сеуште преставува енигма и мистерија и прикриена тајна, бидејки и самите намерно или ненамерно, неможат или не сакаат да дадат ОДГОВОР, на прашањето како може еден антички народ да постигне кулуминација со висок степен на култура и цивилизација а без постоење на свое македонско писмо. Таа погрешно или намерно монтирана теза им беше добредојдена на Хелените, кои ја злоупотребуваа со фактот, до степен на модус вивенде за присвојување на Македонците како дел од својот народ, а од друга страна ја уфрлија во игра девизата дека хеленската добродушност во одсуство на македонско писмо, божем им го оставиле на користење на Македонците грчкото писмо. И да се прашаме сега, после ова искажаното драги Грци, не сте во право кажете, благодариме Македонци, на подарените очи, односно писмо!!!! Апсурдот дали Македонците имале или немале писмо- повеќе не треба да преставува табу тема, и енигма за нас, Грците и светската јавност, а за истото доволно зборува и укажува каменот од Розета, изложен во британскиот музеј во Лондон. *Анализирајкија воена и цивилната историографија, укажувам и докажувам дека цивилизација и култура се создава само со свое писмо, а не со туѓо, односно грчко, како милуваат да кажат грците и сите оние кои не ја кажуваат или не сакаат да ја кажат историската вистина а презентираат лажна и демагошка историја за свои и туѓи цели- интереси. Најголем аргумент за постоење на македонското писмо е создавањето на најголемиот културен, македонски центар во Античката- Александрија, каде македонците оставиле огромни цивилизациски придобивки од науката, културата, архитектурата, уметноста, литературата и писменоста. Најголем веродостоен историски извор за постоење на македонското писмо е каменот од Розета кој е донесен од Александрија и се чува во Британскиот музеј во Лондон. Неможам да ги сватам заблудите на Грците, а особено нон сенс е , за една цивилизирана Европа која почива на темелите на македонската култура и цивилизација да си дозволи менторство и лажно лоби на историски невистини према македонскиот народ, за сметка на една Грција, која со своите постапки и однос ја девалвира својата стара Античка култура и цивилизација. За жал таа Грција не се срами и дочека да присвојува туѓа историја, историја на народ кој меѓу првите во Антиката имаше прво македонско писмо, кое преставувало основа за развојот на писменоста кај другите народи и за самите Грци............

ГЛАВА ПЕТТА:......... каменот од Розета е всушност гранитна плоча поделена на три дела со три писма, а е пронајден во Египет пред 207 години. -Според археолошкит истражувања каменот потекнува од периодот пред нашата ера од 196 год. пред Христа. Како што е спомнато предходно на него има три писма во три дела на плочата. Во првото писмо има Хироглифски знаци на египќаните ( не на Ромите ) во третото според јазикот им припаѓа на Грците, додека пак за нас Македонците е мошне вашно што средното писмо е наше македонско и истото е демотско. Македонското писмо е составено од збир на цртички и знаци и според анализите на археолозите и историчарите се предпоставува дека македонското писмо е едно од најстарите писма, кое преставувало основа во создавањето на египетското писмо, римското и други писма. Исто така археолозите на база на своите истражувања и сознанија укажуваат дека досега од писмото има дешифрирано над 300 Македонски зборови. Само писмото на плочата е пишувано од десно кон лево и истото е слоговно и го сочинуваат согласки и самогласки со мал број пиктографски знаци. И оваа реза од постоење на македонското писмо ја потврдува тезата за античката генеза и корени на Македонскиот народ, кој треба да се почитува со респект од сите цивилизирани народи, затоа што македонците имаат најголем придонес во создавањето на денешната европска и светска цивилизација и култура, која е резултат на основната база на македонската култура и цивилизација која несебично македонското сонце од Вергина им ги зрачеше сите цивилациски и културни вредности на народите на сите меридијани на земјината хемисвера.

ГЛАВА ШЕСТА: Оваа вистина за многу луѓе од културната, посебно од просечната јавност, кај нас и во светот сеуште е непозната и обелоденета. Поради истото се потрудив со историографски факти и аргументи без да влијаам на посебната демократска свест кај секој поединец да ја прифати или игнорира оваа теза. Целта на оваа теза е презентирање на реалноста со која сакаме да им кажеме на вечните фалсификатори и присвојувачи на македонската култура од аспектот на вековното културно опстојување на Македонскиот народ низ историјата до ден денешен, дека се во голема заблуда или пак се заведени. Македонското прашање и културно наследство, посебно стана актуелно по распаѓањето на ЈУ- Федерацијата. Во периодот на распаѓањето, Македонскиот народ со референдум по иљада години се изјасни за самостојна и суверена македонска држава. Успехот на референдумот уместо да биде поздравен од прогресивната европска јавност, беше дочекан со бумеранг. Прогресивната европска јавност, од веќе познати причини, ги поддржа ставовите на соседна Атина бидејки истата сметаше дека токму сега е најпогоден моментот за ставање на македонското прашање во заборав и бришење, односно ад акта од светската сцена. Со непризнавањето на македонската држава под уставното име Македонија и кај обичните лаици провејуваше идејата Македонија да ја снема од географските простори односно да се негира постоењето на македонскиот народ со цел полесно да се изврши присвојувањето на нашата богата Историја. Прогласувањето на независноста на Македонија наместо на европската и светската јавност да и преставува гордост што еден народ со најстара култура, доживеа ренесанса, беше пречекано со непризнавање, блокади и разни други сценарија, кои не им доликуваат на западно- европските демократи во однос на Македонија. Наместо очекуваното признавање и прифаќање за постоење на АНТИЧКИОТ македонски народ, македонија доживеа понижувања и уценувања од ЕУ, Атина и ООН со големи реперкусии и последици по нас- македонија и македонците, во однос на менување на името и симболот на вековното сонце од Вергина. Европските држави и народи и ЕУ како патрони паднаа на испитот на признавањето на светската историографија на народите. Но иако со закаснување и доколку се со кратко памтење, да ги потсетам дека индијанската во Америка, кинеската, јапонската и индиската во Азија, во Европа постојат македонската, римската и византиската цивилизација. Знам дека историјата без факти е како куќа без темел или човек без костур. Затоа оваа теза е да дадам допринос во расветлување на харизмата и дубиозите кои се појавија во однос на дискриминаторската политика која се води према еден народ, кој има огромен придонес во севкупниот развој на европската и светската култура. Доколку полемизираме со европската јавност во однос на прашањето дали постоела друга култура освен македонската и римската пред големата преселба на народите, сакале или не сакале да прифатат, не верувам дека ќе полемизираат, ќе молчат, од за нив само познат негаторски став без факти и аргументи за Македонија. Големата преселба на народите е важен светски настан во историјата на кој настан може да му се даде ЕТИКЕТА на голема варварска одисеја на народите. Овој настан има големи последици не само за македонската цивилизација туку и за римската. Во овој период со нападот на германските племиња, западното римско царство е разрушено, а со варваризмот не беше поштеден ни македонскиот народ и неговите цивилизациски придобивки. Настаните од 4(четвртиот) до 7(седмиот) век ја претвораат Европа во хаос и ветрометина на преселби на Хуните, Аварите, Германите и Словените, кои оставија големи последици на старите цивилизации во Европа. Рушењето на западното римско царство има големи реперкусии и на источното кое продолжи да опстојува под името Ромејско (Византиско). За времето на Византија, Македонците како народ со културни традиции биле прифатени со обврска да ги почитуваат законите на византиската држава. Желбата на Ромеите за романизирање на Македонците не успеала бидејки заведување и асимилирање единствено може да се изврши на народ без посебна култура, идентитет и писмо. Со досега докажаното да завршиме со синтагмата во однос на македонскиот народ како најстара цивилизација во Европа и светот, а тоа е: ,,ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ,,.


Последната промена е направена од на Нед Јан 20, 2008 2:34 am. Мислењето е променето 1 пати
orlov
orlov
Grupa
Grupa

Број на мислења : 78
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue20 / 10020 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  naemnik on Пет Јан 18, 2008 11:19 am

Po moje mislenje, Antikata e previshe na visoko nivo Ceneta.

Ona e del od Makedonskata Istorija, ama deka toa e edinstvenata Istina zbuchi kako da samo togajka imalo Makedonci i nikogash na drug pat. I toa e bash toa sho go zborat i drugite.

Ne treba previshe da se zanashame i da ja vozvelichuvame antikata. Spored mene Srednovekovieto na Makedoncite ne e voopshto istrazheno, i bash toa treba da se osvetli.

pozdrav

naemnik
Nov член
Nov член

Број на мислења : 5
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue0 / 1000 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty ВТОР ДЕЛ: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  orlov on Нед Јан 20, 2008 2:37 am

ХРОНОЛОШКА ГЕНЕЗА ВО СОЗДАВАЊЕТО НА КОРЕНИТЕ НА НАШАТА МАКЕДОНСКА ЛОЗА

Прв Дел;Оваа кратка хронолошка генеза и другите факти, тези и аргументи за настанокот и развојот на првата македонска држава е со единствена цел, за сите оние што знаат или незнаат- поготово за нашите млади генерации, за кои веќе е крајно време да осознаат и разберат дека нивното потекло е античко а не словенско.
Исто така треба да знаат дека нашата историја не почнува од АСНОМ и 08.Септември 1991г. но дека нашата историја, нашата државност е во антиката каде ни се длабоко всадени нашите македонски корени, од Пердика, Филип и Александар Македонски. Без оспорување на настаните од 1944- 1991.
Затоа наши, денешни и идни млади генерации, потомци на Филип и Александар Македонски негувајтеја и чувајтеја нашата античка лоза и нашите македонски корени, и не дозволувајте му никому и на нашите негатори и асимилатори да ги откорнат корените на нашата античка лоза, во спротивно ќе дозволиме исчезнување на еден народ и цивилизација, кој беше креатор на денешната европска култура и цивилизиција. Врз основа на сопствени истражувања, и истражувања добиени од релевантни воено- историски истражувачи и историчари со светско реноме, македонците како народ за првпат се споменуваат уште во периодот од 6500- 5500 година пред нашата ера како народ присутен на централниот и јужниот дел на Балканот и истите се сметаат за основачи на неолитската култура на Балканот. За предходно кажанато, во доволна мерка ни потврдуваат низата археолошки локалитети од кои најпознати се: Бакарно Гумно, Вршник (штипско), Требиниште (охридско) , Тумба ( скопско) и многу други.

Втор Дел;Античките македонци како автохтон народ биле населени на голема територија на јужниот дел на Балканот помеѓу реките: Вардар, Струма и Бистрица, на југ до Олимп ја заземале Бризгија и Пелазгија а на север Пелагонија. Македонците како народ на својот животен опстој се занимавале со лов, земјоделство, сточарство и трговија.
Македонците уште во најстариот период се разликувале од другите народи, а посебно од Хелените, кои постојано правеле обиди да ни прилепат етикета на хеленско потекло и припадност, негирајки го фактот дека ние сме народ кој има свој посебен јазик, писмо обичаи, облека и војска со посебна воена стратегија.
На овие наши антички простори, живееле и опстојувале повеќе македонски племиња, од кои најпознати биле Македонците, Бригитите и Пајонците.
Името наше Македонија е со античко потекло и води потекло од старо- македонските зборови: Макос- (голема- широка) и зборот Дон- (земја), што значи голема и широка земја, во која сите се нарекувале Македонци.
Македонците уште во најстариот период знаеле дека за нивното безбедно опстојување на овие простори неопходно им е заедништво, поради кое тие се здружиле и воделе војни за заштита и проширување на своите територии. Од хронолошки извори точно се знае дека прв татко на Македонската држава е Пердика, кој во периодот 729- 678г. п.н.е. ја создал првата македонска држава, со престолнина во градот Ајга.
Во периодот од три столетија, во Пердика на престолот парадирале 50 крала, кои ништо не направиле, нешто поради нивните неспсобности и династички војни, а единствена желба им била само да се има престолот, поради кое не создале стабилна Македонска држава, со исклучок на Архелај први и Аминта.

ТРЕТ ДЕЛ;Македонската држава постана стабилна, кога на престолот доаѓа Филип Втори Македонски, а истото се случи по смртта на неговиот брат, кога собранието одлучи круната да му ја предаде на Филип, кој бил многу возбуден а неговата Олимпија го храбрела да ја прифати круната, бидејки таа му била дар на боговите од Олимп. Филип втори со Македонија управувал од 359- 336 г.п.н.е. а неговото владеење го карактеризира како персона со големи дршавнички и воени способности во сите свери на општественото живеење за доброто на својот народ и за стекната слава, која го красеше неговото кралство.
Филип беше луциден, и добро знаеше дека без јака војска нема стабилна, јака и безбедна држава.
Филип исто така знаеше дека нема безбедни граници на север со Илирите, на исток со Тракијците и на југ со Атињаните поради кое, негов прв приоритет и задача беше под хитно создавање на Македонската фаланга.
Според голем број на воени аналитичари фалангата преставувала раритет на прва војска во светската историја со посебна и гарантиран успех.
Филипповата фаланга се состоела од два воени рода:
1. Пешадија длабоко збиена во шеснајсет редови, со вооружени војници до заби, со копја долги пет метри и штитови,
2. Другиот род бил јака и брза коњаница, која оперирала на крилните позиции.
Филип со својата фаланга успеал да ги победи Илирите и Тракијците скоро без војна, а со тоа ги обезбедил границите на Македонија према север и исток.

ЧЕТВРТИ ДЕЛ;По овој успешен поход, страв и паника ги зафатило грчките градови (држави), поради истото голем број грчки градови за да го избегнат стравот и срамот од пораз започнале без војна сами да и се предаваат на Македонија.
Единствена држава која правела отпор и не сакала да се предаде била Атина, која слепо била заведена од Демостен. Филип втори не сакал лоши односи со Атина, бидејки бил демократ, но поводот за војна била провокацијата на говорот на Демостен, кој со грди зборови го нарекол Филип- варварин.
На оваа провокација нашиот филип, пред да ја нападне Атина истапува со одговорот: ,, Ќе види сега тоа грчко куче кој е варварин, а кој е демократ,,.
Во 338 г.п.н.е. Атина е страшно поразена во битката кај Херонеја. Со оваа победа Филип под своја управа ѓи става грчките градови- држави побивајкија тезата за Хеленското потекло на Македонците. Филип не е само голем стратег, тој е и добар реформатор во сите свери на општественото живеење и опстојување. Така на пример Филип втори освен воените реформи, превзел и низа економски реформи, од кои најпознати се: промовирање на валутата статер, инвестрањето во изградба на патиштата, пристаништа и градови, како Пела- Хераклеа, Стоби и други.
По успешните војни со соседите, Филип бил првиот признат крал со свое воено, стратешко, политичко и државничко неимарство од страна на сите покорени народи и од Хелените. И покрај овие големи успеси во јакнењето на македонија на овие јужни простори на Европа, Филип не се чувствувал спокоен, и кај него постоел немир од новата опасност од Персија.

ПЕТТИ ДЕЛ:Филип правел договори и стратегија со самите блиски за успешно да се спротивстави на Персија за нејзино ширење према Балканот. Но Филиповата демократичност и отвореност према своите- Олимпија и неговите команданти за неговите добри намер, за доброто на Македонија, наместо подршка како бумеранг му се враќа со заверата за свадбата на неговата керка Клеопатра. Филип иако знаел и чувствувал дека му се крои завера, сепак не сакал да верува, декаистото ке му биде направено од неговата жена и неговите блиски соработници. Просто наивно им верувал и заминува со анатема. Таа анатма ја искажува преку зборовите:-Овој народ ќе добие вечна клетва, за за омраза и завист, со вечна македонска голгота, страдање и бездржавност . .
Амфипол.http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/d/d8/Zname.gif/300px-http:
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/d/d8/Zname.gif/300px-
Zname.gif.gif

По трагичната смрт на Филип 336 г.п.н.е на македонскиот престол доаѓа сонцето на Македонија, Александар Македонски,со само двајсет години , убав, со стекнато воено искуство од неговиот татко и одлично образование.
Промената на Македонскиот престол сакале да јаискористат Хелените за за отфрлање на Македонската превласт, но тој ги предухитрил со тоа што му понудил слобода и автономија со почитување на неговото кралство. Александар добро ги знаел желбите и неостварениот сон на неговиот татко кој којне го оставаа во мирен и спокоен живот, затоа прва задача му била по извршените припреми во војската да тргне на исток за да ја покори ламјата (ПЕРСИЈА) и да создаде голема светска империја.
Војската на Александар имала 40.000 пешадија, 5.000 коњаница и флота од 180 брода, наспроти персијската војска, која по бројност била десет пати помала од Македонската.
Александар во походот против Персија стартувал со пешадијата од Пела и флотата од пристаништето Амфипол.
orlov
orlov
Grupa
Grupa

Број на мислења : 78
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue20 / 10020 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  majstorce62 on Сре Јан 23, 2008 12:49 am

Навистина, зошто толку се фокусираме на Античките Македонци. Велиш походот на Александар Македонски...А каде го вреднуваш големиот поход на Кирил Солунецот Филозофот, кој со своето писмо „покори„ народи и пространства кои денес се бројат со милионски бројки.
Или сакаме маката во која се наоѓаме денес да ја ублажиме со славното ни минато и големите индивидуи од тоа ни минато?
Зарем ќе бидеме ноеви и ќе ја закопуваме главата во песокот на славното минато за да не гледаме во сивилото на денешнината?
majstorce62
majstorce62
Супер модератор
Супер модератор

Број на мислења : 132
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue100 / 100100 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  stara on Саб Јан 26, 2008 12:09 am

majstorce62 напиша:Навистина, зошто толку се фокусираме на Античките Македонци. Велиш походот на Александар Македонски...А каде го вреднуваш големиот поход на Кирил Солунецот Филозофот, кој со своето писмо „покори„ народи и пространства кои денес се бројат со милионски бројки.
Или сакаме маката во која се наоѓаме денес да ја ублажиме со славното ни минато и големите индивидуи од тоа ни минато?
Зарем ќе бидеме ноеви и ќе ја закопуваме главата во песокот на славното минато за да не гледаме во сивилото на денешнината?
------------------------------------------------------------
Zoshto ne sakame da razmislime deka i "nashite predci" se menuvale, prifakale novi neshta. Koj garantira deka nashite potomci, nema da ja cukaat glavata za nas. Koja para ja plakame decata da ni ucat stranski jazici, zapishuvame vo privatni stranski ucilishta, studiraat i zaminuvaat "nadvor", a normalno si se vadime deka mora zaradi poarna ziveacka. Epa koj moze da tvrdi deka i nashite predci ne go pravele toa za podobra ziveacka.

stara
Nov член
Nov член

Број на мислења : 18
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue3 / 1003 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  majstorce62 on Саб Јан 26, 2008 11:05 am

Од минатото не се живее. Само погледот свртен кон иднината носи резултати.
majstorce62
majstorce62
Супер модератор
Супер модератор

Број на мислења : 132
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue100 / 100100 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  orlov on Нед Јан 27, 2008 7:37 pm

majstorce62 напиша:Од минатото не се живее. Само погледот свртен кон иднината носи резултати.


Да, ама атина вели дека не сме македонци. Значи поглед напред но од минатото не смееме да се откажеме.
orlov
orlov
Grupa
Grupa

Број на мислења : 78
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue20 / 10020 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  majstorce62 on Нед Јан 27, 2008 10:14 pm

Pogled svrten kon idninata ne znaci otkazuvanje od nacionalniot identitet, tuku, megju drugoto i dejstvuvanje vo pravec na afirmiranje na site negovi vrednosti pred svetskata javnost (kultura, tradicija, istorija, folklor...) A vo ovaa drzava ovie dejnosti se sekogas na marginite, posledno duce vo sviraloto, kako bi rekle starite. Kako da se promoviraat ovie vrednosti ako za niv ne se izdvojuvaat sredstva?
Kolku nasi KUD imaat moznost da izlezat nadvor od drzavava i da promoviraat nekoja nacionalna vrednost? Kolku i sto se pravi za promoviranje na nasite pisateli od strana na nasite ambasadori vo zemjite kade sto ne pretstavuvaat? Kolku likovni izlozbi imaat organizirano? Kolku knigi od nasata istorija se promovirani na nekoi od "golemite stranski jazici"? Se\ta aktivnost na nasite golemi diplomati izgleda se sostoi vo baranje atraktivni zgradi za diplomatski pretstavnistva i da napravat nekoja zdelka od koja ke imaat soliden profit. Politika na "cisti race"
majstorce62
majstorce62
Супер модератор
Супер модератор

Број на мислења : 132
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue100 / 100100 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  orlov on Вто Јан 29, 2008 1:57 am

majstorce62 напиша:Pogled svrten kon idninata ne znaci otkazuvanje od nacionalniot identitet, tuku, megju drugoto i dejstvuvanje vo pravec na afirmiranje na site negovi vrednosti pred svetskata javnost (kultura, tradicija, istorija, folklor...) A vo ovaa drzava ovie dejnosti se sekogas na marginite, posledno duce vo sviraloto, kako bi rekle starite. Kako da se promoviraat ovie vrednosti ako za niv ne se izdvojuvaat sredstva?
Kolku nasi KUD imaat moznost da izlezat nadvor od drzavava i da promoviraat nekoja nacionalna vrednost? Kolku i sto se pravi za promoviranje na nasite pisateli od strana na nasite ambasadori vo zemjite kade sto ne pretstavuvaat? Kolku likovni izlozbi imaat organizirano? Kolku knigi od nasata istorija se promovirani na nekoi od "golemite stranski jazici"? Se\ta aktivnost na nasite golemi diplomati izgleda se sostoi vo baranje atraktivni zgradi za diplomatski pretstavnistva i da napravat nekoja zdelka od koja ke imaat soliden profit. Politika na "cisti race"



А, дали ние нешто до сега направивме? За афирмацијата? Не.
Тогаш ајде од денес да работиме на афирмација на нашата држава и на македонштината воопшто.
orlov
orlov
Grupa
Grupa

Број на мислења : 78
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue20 / 10020 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  majstorce62 on Вто Јан 29, 2008 4:52 pm

Во државава а и во дијаспората има луѓе, во тоа непоколебливо верувам, кои работат и со својата работа го афирмираат името Македонија, а со тоа и нашиот национелен дентитет. Но тоа се осамени, изолирани случаи. Еве, за пример ке го посочам Миле Стојковски, човекот кој секојдневно се надминува самиот себеси, иако е во инвалидска количка. Се што прави овој надчовек го прави под знамето на Мекедонија.
Но проблемот не го гледам во народот. Народот лесно се заведува. Со него лесно се манипулира. А тоа добро го знаат лидерите на нашите политички партии, луѓе беа идеи и визии за иднината на македонија, па за да останат или да ја добијат власта го исполитизираа народот и партиски ги свртоа Македонците едни против други. Ги наполнија со меѓусебна омраза, а во тоа отидоа толку далеку, што како последица имаме два брата да не се сакаат, другар на другар рака да крева.
Мислам дека лугето во оваа држава се повеќе ја губат конекцијата со здравиот разум и расудуваат со идеологијата на нивната политицка партија. Во држава која што е заразена до толкав степен со политичка идеологија нема многу место за кретивност ниту за креативци, кои би можеле да направат нешто повеќе во поглед на афирмацијата на својата држава.
majstorce62
majstorce62
Супер модератор
Супер модератор

Број на мислења : 132
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue100 / 100100 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  orlov on Пет Мар 28, 2008 4:10 pm

Во месец Април- 2008 година продолжуваме со тема.
Мислам дека повторно ќе биде интересно, поготово во ова време кога се кршат копјата околу Уставното име на Македомија.
orlov
orlov
Grupa
Grupa

Број на мислења : 78
Популарност :
АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Left_bar_bleue20 / 10020 / 100АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Empty Re: АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Пишување  Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот