Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?!

Go down

ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?! Empty ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?!

Пишување  orlov on Вто Јан 29, 2008 1:16 am

НЕОРГАНИЗИРАН ЗЕЛЕН ИНДУСТРИЈАЛЕЦ,
БИЛ И ЌЕ БИДЕ СИРОМАВ!

Современиот свет теоретски и идеолошки, не ја познава лузингата од б о г а т и, с и р о м а ш н и - тоа се случи и случува во Република Македонија, после остварување на капиталистичкиот свет стравот од комунизамот односно социјализмот, за што треба да се срамат. Дотолку повеке што од 1945 година на чело со САД и неговата ЦИА, цели 45 години ровареа во редовите на демократскиот режим во ФНРЈ – каде во својот Устав имаше одредена посебна институција О Т П О В И К У В А Њ Е Н А П Р А Т Е Н И Ц И Т Е – непосредно влијание на граѓаните во движењето на сите општествени области. За период од само 25 години во материјален поглед прогледа светла иднина, од капитализмот во Кралевина Југославија: од сиромаси и ропски живот, станаа богати скоро сите во ранг на средна класа. Со промена на општествениот режим во 1990 година, ако се одбијат материјалните придобивки, за последните 17 години, македонскиот народ се наоѓа пак во истата материјална положба – С И Р О М А С И – чести се констатациите на народот дека ова не е живот, денешниот живот личи повеќе на ропски живот. Македонија е земјоделска земја, таква и мора да остане. Постарите жители констатираат: лозарите од грозјето, тутунарите од тутунот, градинарите од градинарските култури – дека од едногодишен род свадби правевме, куќи градевме, автомобили купувавме, а денеска не можеме да се прехраниме. Со потценување гледавме на случаите од африканските популации, како интелигенцијата бега во развиенит свет за корка леб – што кај нас беше минато, денеска сме сведоци на бегање на нашата интелигенција и младата работна сила надвор од татковината.

Сите, злото сметаат дека доаѓа од добро примените ,, браќа ,, од капиталистичкиот свет, дека ќулавката ни ја кројат тие, со се корен да го уништат ,, комунизмот ,, со скратување на животниот век и преселување на населението на стариот капиталистички режим. За ваквата појаа има и ,,оправдани,, причини. Како можеше повеке од 17 години, цената на грозјето и другите земјоделски производи, толку да падне – да влегуваме во категорија на сиромаси, скоро 90 проценти од популацијата, а само 10 отсто богати и тоа не по своја заслуга, но, со грабеж на општиот имот стваран 45 години. Тоа нашите ,, гости ,, го гледаа и молчеа. Прашање е зошто така не се донесуваат со нивните матични држави, каде донекаде постои демократија, каде поголемиот дел од жителите се задоволни.

Не демократскиот живот ,, гостите ,, го претворија во демократија со прогласување на регуларни избори, а по истиот терк изведени парламентарни избори кај нив ги прогласуваат за нерегуларни: за лажни ветувања се одземаат мандатите на пратениците, за повеке потрошени пари по освоени пратеници не само што се одземаат мандатите на пратениците туку се бришат и партиите од партискиот регистар и.т.н. Во САД институцијата отповикување на пратениците е ставена во нивниот устав уште пред 150 години и од тогаш се му тргнало напред и уште одат напред, а како надлезни од развиениот свет за Република Македонија, не им ,, текна ,, нашите политичари да ги потсети за ваквата одредба. Тоа би го сториле, ако ни го мислеле доброто?!

Каде е вината на нашиот електорат. Повеќе сме верувале во нашите ,, пријатели ,, и како народ сме стрпливи, рамнодушни и надежни. Во исто време сиромаштијата си го донесе своето – СТРАВОТ, пази боже од полошо. ,,Дали стравот стана доминантен во нашиот живот? Страв да се обезбеди поднослива егзистенција, страв да не се остане без работа, страв да бидеш болен, страв од безбедноста, страв јавно да се искаже став и мислење. Страв да се биде свој на своето. Стравот стана начин на живеење. И најопшто дали во Македонија се гради слободно, демократско и отворено општество. Одговорот е НЕ( извадоци од политичката програма на ПСД ). Нашето транзициско искуство на владеење се заснова на лидерство на кого поради наведените околности слепо се верува цели 17 години, а треба да се заклучи дека концептот на лидерско управување не ни донесе ништо друго освен – катастрофа – С И Р О М А Ш Т И Ј А.

Развиениот капиталистички свет е таков благодарение на општо познатата теза дека БЕЗ ДЕМОКРАТИЈА, НЕМА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК. Ние живевме во капиталистичкиот режим без демократија и бевме сиромаси, а истовремено живеевме и извесен период во социјалистички режим со демократија, и добро живеевме. Значи не е во прашање називот на општесвениот поредок, туку дали во општеството има демократија или нема. Во случајот нема никој да ни помогне од страна, а самите, како изгледаат работите – неможеме. Можеме и сами, под одредени услови:

- кога општествениот интерес ќе го ставиме над личниот

- излегуваме на парламентарни и локални избори 100 проценти

- масовно излегување на собири и протести

- да не чекаме друг да ни ги брши работите, за наша сметка и др.

Ако земеме во предвид дека природните услови на Македонија можад да одгледуват најмалку 8 милиони луѓе, срамота е само 2 милиони луѓе, колку што сме да бидеме сиромаси. Од некаде некој не мести – дека не сме способни да ја одржуваме државата и така не ликвидираат.
orlov
orlov
Grupa
Grupa

Број на мислења : 78
Популарност :
ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?! Left_bar_bleue20 / 10020 / 100ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?! Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-18

Вратете се на почетокот Go down

ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?! Empty Re: ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?!

Пишување  majstorce62 on Вто Јан 29, 2008 5:08 pm

Македонија веќе подолго време е колонија на земјите од ЕУ. Ја изгубивме својата независност по економски пат. Лонг произвотството ни скрои таква ќулавка, што се повеќе живееме како црните робови на американскиот континент. Колку за корка сув леб. Ако добиеме некоја мрвка, прашање е колку е тоа квалитетно и здраво за исхрана. Заморчиња сме на сите полиња.А секое влегување на странските инвеститори го прославуваме и ги креваме на пиедестал на спасители. Затоа што ќе им ја продаваме нашата пот, нашата крв, нашето здравје за бедна коска што не ја јадат ниту нивните кучиња. Но кога ќе те стават еднаш во јаремот, излегување нема. Камшикот на стравот дека ке ја изгубиш и таа бедна коска е моќно оружје во нивните раце со кое ги кршат волјата, непокорот
гордоста на нашиот работник.
Да, Македонија е земја во која апсолутен владеле е стравот. Стравот за голата егзистенција.
majstorce62
majstorce62
Супер модератор
Супер модератор

Број на мислења : 132
Популарност :
ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?! Left_bar_bleue100 / 100100 / 100ОД БОГАТИ, СИРОМАСИ ?! Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот