Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

смртни закани за шеќеринска."снајперист"

2 posters

Go down

смртни закани за шеќеринска."снајперист" Empty смртни закани за шеќеринска."снајперист"

Пишување  Stef4e Саб Фед 16, 2008 8:06 pm

Анонимни закани по
и-мејл и преку пораки на мобилен телефон дека ќе биде убиена,
завчеравечер, по седницата за пратенички прашања во Собранието, ја
бомбардирале претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска. Шифрата, како
што можеше да се види од испринтаните пораки, што вчера им беа
презентирани на новинарите, беше "снајперист".
СДСМ вчера со официјално писмо се обратил до МВР и побарал
крим-техника, со помош на компјутерските експерти, да ги открие
анонимните заканувачи и најстрого да ги казни. "Пресметај мета со твоја
висина - ветар - брзина на зрно да видиш колку милисекунди ќе ми
требаат да те распарчам", "ќе бегате од Скопје", "те држиме на нишан",
се само дел од пораките што стигнале до Шеќеринска. Слични поради
стигнале и до двајцата потпретседатели на СДСМ Игор Ивановски и Јани
Макрадули.
Раководството на СДСМ смета дека заканите уследиле откако Шеќеринска на
завчерашната собраниска седница го поставила прашањето според кој
кодекс премиерот Никола Груевски ги избрал членовите на неговото лично
обезбедување, со оглед на тоа дека едниот од нив пред неколку дена
претепал граѓанин во центарот на Скопје, потсетувајќи притоа дека
телохранителите автоматски се вработуваат и во службите во МВР.
Вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска побара од
Радмила Шеќеринска да им се извини на 13.000 полицајци за навреда и
порача дека поединечните испади на вработените во МВР се санкционирани.
Извинување од Шеќеринска вчера побара и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко
Ѓорчев.
(С.К.Д.)
Stef4e
Stef4e
Senior
Senior

Male Број на мислења : 130
Age : 28
Локација : Македонија/прилеп
Популарност :
смртни закани за шеќеринска."снајперист" Left_bar_bleue1 / 1001 / 100смртни закани за шеќеринска."снајперист" Right_bar_bleue

Registration date : 2008-02-16

Вратете се на почетокот Go down

смртни закани за шеќеринска."снајперист" Empty Re: смртни закани за шеќеринска."снајперист"

Пишување  majstorce62 Нед Мар 02, 2008 1:42 am

шерифите на дивиот запад биле избирани од редовите на насилниците а ги поставувале богатите ранчери. Влеј му страв во коските ако сакаж јазикот да не му збори многу. е, таа метода ја спроведуваат за жал и нашите политичари.
majstorce62
majstorce62
Супер модератор
Супер модератор

Број на мислења : 132
Популарност :
смртни закани за шеќеринска."снајперист" Left_bar_bleue100 / 100100 / 100смртни закани за шеќеринска."снајперист" Right_bar_bleue

Registration date : 2008-01-17

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот